На анкетата направена од страна на еден англиска веб страна, која се занимава со промовирање и продавање на нови и половни книги, преку 800 читатели ги избрале најдобрите љубовни романи.
Најмногу гласови добил романот на Џејн Остин „Гордост и предрасуди“, а меѓу петте избрани се нашол и серијалот „Туѓинка“ на Дајан Габалдон, бидејќи ширум светот се емитува телевизиска серија снимена врз основа на таа книга.
Една од читателките која гласала за „Гордост и предрасуди“ напишала дека може секогаш од почеток да ја чита таа книга, бидејќи делот кога Елизабета се вљубува во Дарси е преубаво напишан.
Друга читателка која гласала за овој роман признала дека секој пат кога го чита, повторно се нервира дали тие двајца конечно ќе се венчаат, иако тоа веќе одамна го знае.
Меѓу првите пет романи е и „Мостовите на округот Медисон“ од Роберт Џејмс Валер, според кој е снимен и истоимениот филм.
Листата не може да ја заобиколат и „Орканските височини“ на Емили Бронте, бидејќи тоа е неизбежен роман кога прашувате англичанка кој и е омилениот љубовен роман.
Меѓу избраните најубави љубовни романи е и романот „Бронзениот коњаник“ на Полина Сајмонс, кој има и продолжение „Татјана и Александар“ кој се одвива за време на германската опсада на рускиот град.