Категории

Жените и мажите различно ги доживуваат среќата, тагата и стресот?

Жените и мажите се различни, но до кој степен и во кои работи, тешко е да се знае. Но се чини дека некои работи се добро истражени, како што е прашањето кој е посреќен: мажите или жените? Емоциите и нашите реакции покажуваат колку сме силни и колку ни се важни некои работи.

Чувство на тага и депресија

Неодамнешните статистички податоци покажуваат дека жените во последниве години се чувствуваат помалку среќни. Исто така, имаат поголема предиспозиција, отколку мажите, да доживеат депресија. Од друга страна, студиите велат дека жените поинтензивно се соочуваат со позитивните емоции и повеќе ги изразуваат среќата и стравот.

Социјална чувствителност

Ова е поддржано од дополнително истражување на мозокот кое покажува дека жените чувствуваат поголема емпатија и дека се социјално почувствителни. Всушност, секоја емоција ја чувствуваат поинтензивно, освен гневот кој мажите го чувствуваат на исто ниво со жените.

Стрес и непријатност

Мажите и жените се разликуваат и по начинот на кој реагираат на стресните ситуации. Мажите гласно одговорат на незадоволството, додека жените го задржуваат во себе. Многу е поверојатно дека жените ќе размислуваат за проблемот, додека мажите ќе бидат отворени за тоа за што се загрижени.

Според овие истражувања жените почувствително го доживуваат стресот, депресијата и траумата, но исто така се поотпорни и поспособни за опоравување после траума.

Прегледи:
438
Објавено на:
09.12.2018