Категории

Жените кои ги имаат овие 4 имиња ги прати среќа цел живот. Дали сте меѓу нив?

Се верува дека жените со овие 4 имиња имаат среќна судбина, силен темперамент и го остваруваат она што го сакаат – откријте дали е вашето име на списокот.

 

Александра

Значењето на нејзиното име е „заштитничка на луѓето“, а потекнува од грчката божица Хера. Оваа жена живее за вистината и секогаш е искрена, во секоја ситуација. Не трпи лага, па не ја изневерувајте нејзината доверба, бидејќи тешко ќе ви прости доколку ја издадете. Таа е лидер, на што укажува и првата буква од нејзиното име. Знае како да воспостави квалитетен однос со луѓето, но и да го постигне она што го сака.

Татјана

Во детството е емотивна и љубезна, со тек на годините станува прилично доминантна. Не прифаќа замерки, се бори до крај за своите соништа. Склона е кон уметност, има развиена естетика, а посебно се истакнува во танцот. Сентиментална е, дружељубива и го сака животот. Во љубовта е посветена на партнерот и предадена, но важно е секогаш да го одржува нејзиното внимание. Татјана воопшто не поднесува монотонија: сака долги патувања и авантури. Многу е успешна на професионално поле, има големи амбиции.

Катарина

Во ова име симболично се крие кралска положба, неминливост и големина. Катарина е скромна и емпатична, но има развиено самопочитување. Грижлива е и посветена на односите, а сака да им помага на луѓето. Има голема желба да биде прва во она што го прави и да достигне висини и врвови. Упорна е, вредна и отворена, во кариерата остварува одлични резултати. Жените со ова име се потпираат само на себе. Се истакнува во секоја професија која ќе ја избере.

Дариа

Постојат две значења на ова име, првото е од грчко потекло и потекнува од „dareios“, што значи „да имаш“, а другото е хебрејско значење од зборот „дар“, што симболизира дека оваа жена е даровита, но може и да биде „дар од небо“. Енергична, активна и навистина е навикната од животот да користи максимум. Сака ред, мир и склад, а единствено и недостасува истрајност. Склона е кон авантури и живее живот според своите желби, па поради тоа е секогаш среќна.

Прегледи:
533
Објавено на:
19.10.2021