Категории

Жените кои излегуваат со помлади мажи се посреќни во врските

Голем дел од жените се мажат за мажи кои се една до три години постари од нив верувајќи дека сепак тоа е идеалната разлика во години. Но спрема стручњаците за љубовни односи, жените кои избираат значително помлади мажи од нив обично се посреќни и позадоволни.

Др. Лехмилер со цел да открие што повеќе нешта за хетеросексуалните врски, анкетираше 200 жени. Во нив имало жени кои излегуваат со мажи кои се постари од нив, помлади од нив или сте на иста возраст.

Истражувањето утврдува дека најсреќни биле жените кои биле во врска со мажи кои се околу десет години помлади од нив. Исто така биле повеќе посветени на својата врска отколку жените кои се во врска со постар партнер или партнер на иста возраст.

Истражувачите изјавиле дека ова е веројатно поврзано со женската доминација во врската.
Истражувањето покажало дека мажите биле среќни во врска со стари жени што во принцип значи дека во врските каде жените се постари, двата партнери се среќни. Стручњаците додале дека ваквите парови имаат подобра компатибилност, позрели се и често се подобри родители.

Прегледи:
665
Објавено на:
17.11.2020