Категории

Жените најмногу од сè ја ценат љубезноста

Љубезноста е како грацитација, таа е најважна, но толку малку ценета и забележана. Освен тоа што жените покрај себе сакаат да имаат интелигентен, образован и самоуверен маж од кој можат да добијат безрезервна поддршка, едно од најважните нешта кои ги бараат од мажот е да е љубезен.

Припадничките на понежниот пол сакаат партнер кој пред се е – љубезен. Покажуваат најновите истражувања. На жените им е важно покрај себе да имаат интелигентен, образован и самоуверен маж, но најважно од се е тој е да биде љубезен. Физичкиот изглед и финансиската сигурност се речиси занемарени покрај оваа особина.

Љубезноста е како гравитација, таа е особено важна. Со оглед на тоа колку внимание денес луѓето посветуваат на изгледот и парите, можеби ќе ве изненади тоа што ширум светот жените ја сметаат љубезноста како клучна особина. Но таа е неизоставен дел во формирањето на долгорочните меѓучовечки односи.

Освен тоа важно е дали потенцијалните партнери се поклопуваат по прашањето дали сакаат деца. Кога биле запрашани за долгорочните партнери, 46% од жените изјавиле дека им е важна желбата за родителство на партнерот.

Прегледи:
671
Објавено на:
15.05.2020