Категории

Жените немаат дилема: Ова се најлошите особини на модерните мажи!

Кога станува збор за однесувањето на мажите во ова модерно време, тоа и не е баш многу интересно. Новото време донесе и нови размислувања, начин на облекување и нови модели на однесување. Тие промени особено се забележителни кај машкиот пол, а некои од нив дамите не можат да ги поднесат.

1. Недоследност

Во сѐ. Ветувања, комуникација, размислување, постапки.

2. Ретка комуникација

Оваа точка се однесува на сите мажи кои не исчезнуваат потполно, но ги нема секогаш. Со нив се случува следново сценарио – Се гледате понекогаш и сѐ е во ред, постои хемија помеѓу вас, се смеете и разговарате за сѐ, а потоа не се слушате со денови. Одеднаш ви стигнува порака од него: Па каде си, убавице?

3. Стипси

Ако жената не сака да плати ништо на првите два состаноци, тоа не значи дека бара спонзор, туку дека тоа е некое непишано правило кои треба да го следат сите џентлмени. Што значи, секој да го плаќа својот дел или делење на сметката не е опција на првите состаноци. Ако немате доволно пари тогаш поканете ја на прошетка или на кафе.

4. Изговорот „Не сум подготвен за врска“

Нема апсолутно никаков проблем ако го изговорите тоа, но само на почетокот за девојката да знае на што е. Кога сте почнале да се гледате еден месец редовно, се слушате и се однесувате како да сте во врска, а потоа одеднаш кажувате вакво нешто, тоа е себично од ваша страна и нема да биде прифатено од ниедна жена која се цени себеси и знае што сака.

Прегледи:
420
Објавено на:
20.12.2018