Категории

Жените поради хромозомите подобро читаат мисли од мажите

Жените подобро читаат мисли од мажите, вели едно неодамнешно истражување. Новата студија доаѓа од научниците при Универзитетот Кембриџ, каде што се открило дека женските гени се подобро организирани за читање емоции при гледање некого во очи.

За потребите на студијата истражувачите прегледале тестови за когнитивна емпатија на речиси 89 илјади испитаници и откриле дека луѓето лесно можат да предвидат што одредена личност размислува или чувствува само со поглед кон очите и дека жените во просек имаат повисоки поени.

Научниците што го воделе ова истражување, заедно со група генетичари, успеале да идентификуваат различни делови на женските хромозоми што им помагаат да ја зголемат способноста за „читање мисли во очите“.

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
370
Категории:
Животен стил
Објавено на:
24.06.2017