Категории

ЖЕНИТЕ СЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД НОВАТА БОЈА НА КАРМИН: Овој кармин го препорачуваат стилистите за шминка, а го обожава и славната Бијонсе

Магична шминка во топли бои – хит за есен и зима 2019/2020. година!

Овие нијанси на кармин би можеле да се видат на сите овогодишни ревии кои ја најавија есенската и зимската сезона. Судејќи според реакциите, им се допаднаа на голем број припаднички на понежниот пол.

Темновиолетов кармин, па дури и црн, ќе се гледа во текот на целата оваа сезона многу често.

Ако сте обожавател на малку посилна и посмела шминка, дојдоа вашите 5 минути. Следните денови се резервирани за експериментирање со шминката, а фокусот е на усните.

Она што е сигурно е дека темноцрвената боја, со навестување на виолетовата, го освојува како модниот свет така и сите поголеми козметички компании.

Ако се одлучите за посилни нијанси, ова  би требало да го знаете. За да изгледаат убаво на усните, овие нијанси бараат претходна подготовка.

 

Следниве правила мора да се следат:

  • Пилингот е задолжителен пред да нанесете потемни нијанси. Ако подлогата не е мазна, сите неправилности, како испукани суви усни ќе бидат во прв план, што воопшто не изгледа привлечно.
  • Користете молив за усни за да ја дефинирате формата што е можно попрецизно.
  • Течните кармини се најдобрата опција затоа што тие траат подолго на усните.
  • Остатокот од вашата шминка исто така треба да биде интензивен за да не изгледате бледо.
Прегледи:
342
Објавено на:
19.10.2019