Категории

Жените се заљубуваат на ШЕСТИ поглед –  Пресудниот миг кој трае 15 секунди

Доволни се само три нешта и тие да заљубат во мажот

Припадниците на посилниот пол, се значително „послаби“ во однос на жените кога е во прашање заљубувањето на прв поглед. Тие и те како можат да заљубат само штом ја видат жената, додека кај жените тоа оди многу побавно – велат научниците. За тие да се заљубат потребни им се дури шест погледи:

Првиот поглед трае околу пет секунди. За тоа време жената гледа во бојата на очите и изразот на лицето на мажот кој го сретнала. Потоа следи вториот поглед кој трае десет секунди. Тогаш го проценува неговиот стил, гардероба и колку е уреден. Третиот поглед, од пет секунди е насочен на неговата коса. Четвртиот е на рацете, а петтиот на облеката.

Дури после тоа, на ред доаѓа шестиот поглед кој трае околу 15 секунди, и тогаш таа може да процени дали тој е потенцијален партнер, и тоа врз основа на однесувањето, одењето и невербалната комуникација.