Категории

Жените велат дека инжениерите и уметниците се најдобри во кревет

Работата има големо влијание врз човекот, не само во неговиот начин на размислување, туку и во љубовните вештини, барем така покажа студијата на “Redbook”.

Во неа, жените анонимно одговараа на прашања за сексуалниот живот со својот сопруг од самиот почеток на односот, па се до денес, земајќи ја во предвид и работата со која се занимава партнерот, како и другите сексуални партнери кои ги имале во животот.

“Не е чудно што она со што се занимаваат мажите во првата половина од денот, секој ден, да се пренесува и во вечерта која ја поминуваат со сопругата”, вели психологот д-р Линда де Вилерс.

Според студијата, најдобри љубовници се уметниците, инжениерите и превозниците, додека најлошо оценети се сметководителите, телеоператорите и компјутерџиите.

Жените за уметниците тврдат дека се најдобри љубовници, а 45% од нив велат дека животот со нив е одличен. 100% од нив се впуштаат во предигра пред сексот, како важен дел од односот, а 13% од нивните жени велат дека дури и претеруваат во должината на предиграта. 73% од нив во целост сексуално ја задоволуваат својата сопруга.

Инжениери и архитекти

Високо котираат во умешноста за задоволување на својата сопруга. 92% од нив редовно практикуваат предигра, а 72% од нивните жени сметаат дека трае баш онолку колку што треба, додека 12% сметаат дека е предолга. Двапати повеќе од останатите сопрузи во сексот воведуваат секс играчки.

Превозници/механичари

Најдобро се оценети во полето на оралниот секс – 61% од нивните сопруги ги оценија како најдобри во тоа. 95% се впуштаат во предигра, а 39% од жените велат дека имаат одличен сексуален живот со нив.

Градежни работници

58% од нив иницираат секс два пати неделно, а и почесто, но 30% од нивните жени би сакале да се малку понежни. Најмалку веројатно е дека ќе ја задоволат својата сопруга орално, но сепак 57% од жените го оценуваат сексуалниот живот со нив како добар или одличен.

Мали претприемачи

Кај нив е најверојатно дека во сексот ќе воведат нова поза или секс играчка (46%). 30% од жените би сакале предиграта со нив да трае малку подолго, но 100% од нив се задоволни што се однесува на траењето на самиот секс.

Менаџери

Тие се професијата која најмногу сака да се гали, дури 45%. 74% од нив се оценети како добри или одлични во умешноста да ја задоволат својата партнерка во оралниот секс, но ако таа е расположена, а тој не е – најголемиот дел од нив ќе одбијат секс.

Мажи во униформа – Пожарникари/полицајци/поштари/кондуктери

81% од нивните сопруги велат дека најсекси работа е тоа што во целост сакаат да ја задоволат партнерката, а 84% од жените го оценуваат сексуалниот живот со нив како добар или одличен. Мана им е тоа што ја прескокнуваат предиграта, а и 35% од жените би сакале да се малку пооригинални во сексот.

Оние во одела – сметководители/адвокати/финансиски експерти

Најголема е веројатноста дека ќе сакаат секс секој ден, а има и најголема веројатност дека ќе сакаат да пробаат нови места за секс. Одлични се во предиграта, но сепак само 56% од жените го оценуваат сексот со нив како многу добар или одличен.

Доктори, здравствени работници

Многу нежни и романтични, а и добри се во пружање на орален секс (55% од нивните жени го сметаат тоа). Сепак, лоши се во предиграта, а 36% од нивните жени велат дека се пребрзи и во сексот, додека 13% од нив сметаат дека се добри кандидати за Вијагра.

Учители/професори/државни службеници

43% од нив тешко ќе го поднесат одбивањето од жената ако не е расположена, а тие се втори според тоа колку често се сексаат. Сепак, 30% од нивните жени велат дека сексот со нив завршува пребзо. Најголема веројатност е дека ќе се галат после сексот (46%).

IT мажи

Најмалку е веројатно дека ќе ја задоволат жената ако таа е онаа која сака секс, а тој не е расположен. Со нив оралниот секс е најредок (31%). Сепак, два пати повеќе од просекот сакаат да се галат после сексот (дури 63%).

Прегледи:
454
Објавено на:
11.01.2016