Категории

Жените во Македонија подолговечни од мажите- најчесто име Марија

Од вкупниот број на население во Македонија, 49,9 проценти се жени. Тие живеат 3,9 години подолго од мажите, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Според објавените податоци, во 2015 година имало 282.078 вработени жени, а од нив 76,3 проценти биле вработени во компании во приватна сопственост. Над 95 проценти од вработените жени се вработени со цело работно време.

Во однос на мажите поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 57,1 процент, како и бројот на жени магистри односно 58,6 проценти. Во Македонија во 2015 година имало 143 жени доктори на науки.

Најчесто жените во Македонија се одлучуваат да раѓаат по едно или по две деца, а најчесто женско име е Марија.

Во однос на слободното време податоците покажуваат дека вработените жени во текот на денот поминуваат 15 проценти на слободни активности, а невработените жени 21 процент.

Од сите домашни активности на жените, 16 проценти отпаѓаат на чистење на станот, а просечно дневно поминуваат по 1 час и 50 минути во гледање телевизија. Оние жени кои имаат деца трошат по 1 час и 57 минути на нивно згрижување.

Во руралните средини жените просечно дневно поминуваат по 2 часа и 16 минути на забава и култура, додека жените во руралните средини на овие активности трошат по 1 час и 13 минути. По 1 час и 41 минута се поминуваат и во шетање на домашни миленици.

Прегледи:
244
Објавено на:
07.03.2017