Категории

Женствениот изглед е повторно во тренд: Дизајнерите избраа три модни акцесоара кои ќе доминираат оваа година!

Доколку сакате да бидете во чекор со трендовите, набавете ги овие парчиња на време

На прашањето што ќе биде актуелно оваа година, Ана Винтур има подготвен одговор, а неа треба да и се верува. Таа е некој кој има увид во се она што се случува на модната сцена долго пред тоа да се најде во очите на јавноста.

Овие три парчиња често ќе ги гледаме на улиците, вели таа. Следи сезона во која доминираат женските акцесоари. Префинетиот изглед и елеганцијата се повторно во тренд.

 

Плетени ташни

Овој модел на ташни кој што досега можевме да го видиме на плажите се сели на улиците, така што ќе биде сосема нормално и во тренд да го вклопите во вашиот деловен аутфит. Овој неочекуван моден додаток може да изгледа одлично ако е стилизиран на вистински начин.

 

Торба во форма на вреќичка

Мини верзии на овие торби ќе завладеат на модната сцена, а веќе можат да се видат и на улиците. Со нив, секој аутфит изгледа посимпатично.

 

Бисери

Женствениот изглед повторно е во тренд, па затоа бисерите се неопходни. Огрлици, нараквици и детали на облеката, бисерите ќе се наоѓаат насекаде.

Прегледи:
410
Објавено на:
16.01.2020