Категории

ЖЕШКА ТОЧКА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ – ИСКЛУЧИТЕЛНА ПЕРСПЕКТИВА

Производството на лековити растенија, со собирање од природните наоѓалишта или со планско култивирање, нуди големи финансиски можности, особено ако се применат повисоки стандарди за квалитет, како органско производство, или ако се заокружи процесот и се дојде до финален производ што е баран на пазарот.

Текст и фотографии: Ѓоше СТЕФКОВ

Со повеќе од 3.000 различ ни видови билки што рас тат во земјава, значи дека имаме исклучителна расти телна биоразновидност, па затоа сме едно од ретките места што го носат називот – „Жешка точка на биодиверзитетот“ (Biodiversity Hot Spot). За голем дел од видовите има податоци за нивната употреба. Повеќе од 700 различни растенија се користат во секојдневниот живот и во народната медицина.

Вековната традиција за собирање лековити растенија сѐ уште се негува за лични потреби, но комерцијалниот аспект сѐ повеќе се губи. Ако порано собирањето лековити растенија што растат диво во природа било многу застапено со голем број собирачи и биле регистрирани повеќе од 20 откупни станици на целата територија, денес речиси нема.

При култивирањето лековити растенија, најпознати сме по одгледувањето афион. Македонскиот афион се одгледува со векови и од него се добивал опиум со, можеби, највисока содржина на алкалоидот морфин, до 20 проценти. Добивањето опиум со зарежување на афионот, со потпишување на Конвенцијата за наркотици во 1961 година, се заменува со производство на афионовите алкалоиди со екстракција на суви афионови чушки. За овој многу покомплексен процес на екстракција е потребна фармацевтска индустрија. Суровината, сувите чушки за екстракција, се откупува од кооперанти, па е можност за заработка.


Собирањето лековити растенија, како и габи и други шумски производи, е соодветно регулирано. Неопходно е собирачите да бидат регистрирани и да се во координација со Јавното претпријатие „Македонски шуми“, кое стопанисува со најголем дел од површините каде што се собираат овие производи. Неопходно е планско и одржливо собирање за да го зачуваме овој важен ресурс. Потребно е и малку повеќе ангажман и организација за да може собирањето растенија од природа да добие сертификат како органско.
Органското собирање опфаќа јасно дефиниран начин на одржливо собирање од чисти региони, што се регистрирани за тоа и каде што се знаат количините што можат да се наберат на годишно ниво. Сушењето и доработката на материјалот се одвиваат според определени правила. Така, вредноста на собраниот материјал е повисока и многу побарана.

Повеќе за оваа тема прочитајте во најновото издание на списанието за одржлив развој, Лице в Лице, кое чини 100 денари. Половина оди за продавачите, кои се ранливи сограѓани. Ним, во време на пандемија и економска нестабилност, нашата поддршка им е најпотребна.

Прегледи:
616
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
08.10.2020