Категории

Животните се почувствителни отколку што мислите – Откриена е изразена емпатија

Едно од главните нешта кои човекот се разликува од животните сигурно се чувствата. Чувствата не тераат на разговор, не поттикнуват на разни активности а за чувствата размислуваме и се чувствуваме разбрано.

Новото истражување открива дека некои животни не само што се водени од инстинкти, туку и кај некои од нив се појавуваат и чувства, на прво место е емпатијата.

Веќе знаеме дека некои видови на чувства се документирани кај слоновите, делфините и особено кај кучињата, но во последно време истражувачите се повеќе ги интересираат и глувците глодари затоа што тие глодари се доста социолошки развиени.

Однесувањето на глодарите може да биде мотивирано од емпатија. Истражувачите направија експеримент во кој приввремено изолирале некои членови од т.н. роднини и познаници на глувците па ги изложиле на благи шокови. Кога ги вратиле назад, глувците кои не биле изложени на шок почнале да ги лижат оние кои биле под стрес и така ги тешеле.

Кога другата група на глувци ја издвоиле но не ја изложиле на шок, не се случило истото во приликата на нивното враќање. Инструментот со кој ја мереле состојбата на нивните хормони открива дека членовите на семејството и познаниците на глувците биле ожалостени кога не можеле да ги утешат.

Исто така интересно откритие е тоа што го повториле овој експеримент на друг глушец и подоцна го ставиле меѓу глувци кои претходно не ги сретнал а тие не покажувале никакви знаци на емпатија. А тоа ги довело до заклучок дека глодарите меѓусебно се тешат само ако се познаваат а со тоа ја негирале можноста истото да го прават нагонски.

Бидејќи кај луѓето хормонот окситоцин е поврзан со емпатијата, во еден експеримент го блокирале тој невротрансмитер за да видат како ќе реагираат глувците. Меѓутоа, блокирањето на окситоцинот не ги спречило членовите на семејството и познаниците на глувците  и понатаму да се тешат.

Ова откритие ни пружи увид во механизмот на емпатија и еволуцијата на комплексното однесување на животните, особено кај оние мотивирани од емпатија.п

Прегледи:
617
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
13.11.2020