Категории

Животот не е борба со другите, животот е секојдневна борба со самиот себе…

Животот не е борба со другите, животот е секојдневна борба со самиот себе. Од тебе зависи кој ќе прифатиш до себе и каква влијателност ке има.

Од тебе зависи како ќе ги прифаќаш секојдневните луди коментари, трошењето време на озборувања и ситење со други животи. Од тебе зависи дали ќе прифатиш да го живееш својот живот и да сфатиш дека не си интересен ако се правиш нешто повеќе од другите.

Ние не сме вечни, никој не е, но ретко луѓето ја сфаќаат вистинската вредност на животот и нивната улога на земјата.

Бидејќи, кога ќе се разбудиш некој ден, стар, изнемоштен и ќе ти се врати целиот филм низ глава,ќе се почуствуваш како изгорена свеќа, ќе сфатиш кај е местото на изгорените свеќи а таа топла солза нема да може да го врати времето назад, а уште помалку да ја омекне душата.

Изгорена свеќа или чиста совест… од тебе зависи.

Славица Заркова

Прегледи:
1295
Ознаки:
·
Објавено на:
10.11.2016