„Кога човек ќе се најде себеси во ситуација од која нема излез ќе сфати колку е животот драгоцен“, рекол познатиот руски психолог.
Кога судбината ќе го стави човек во незавидна положба, кога се ќе крене низбрдо и ќе почне да се случуваат само негативни нешта, во тој момент ќе сфати колку малку го ценел тоа што го имал досега. Кога сме во ситуација во која не можеме да направиме ништо кое би ни помогнало, или сме немоќни да се погрижиме за блиската личност која е болна, без обзир на тоа колкава желба имаме, кога ќе не напушти саканата личност, тогаш сфаќаме колку животот бил добар и колку сме го комплицирале со непотребни нешта и сме наоѓале замерки за секоја ситница.
Кога некои пријатели ќе не издадат, сфаќаме колку сме давале и сме ги занемарувале нашите потреби. Вистинскиот живот почнува после соочувањето со ваквата ситуација. Луѓето не сфаќаат дека животот треба повеќе да го цениме, се додека тој не ја земи работата во свои раце и не ни го покаже тоа на потешкиот начин – вели психологот Михаил Баковски.
По правило, човек треба да се сретне со голема тага за да ја сфати суштината на животот, а тоа е дека нему му треба максимално да ужива и да ги користи деновите пружени на најдобар можен начин.
Животот не дава никаква гаранција и не знаеме што ни спрема, но затоа е битно да чекориме со сигурни чекори напред. Се во животот поминува, и доаѓа на свое место, најбитно е да останеме психички силни – заклучува тој.