Категории

Значењето на грешките ERROR 401, 403, 404 или 500

Сигурно, додека сте сурфале на интернет, сакајќи да приклучите некоја страница на интернет, на екранот ви се појавил „Еrror“ со некој од броевите 401, 403, 404 или 500. Доколку не сте ги знаеле значењата на овие бројки, станува збор за статусни кодови кои ги јавува веб серверот на пристапот на одредена веб страна.

401 – се јавува ако со неточни податоци се обидувате да пристапите до веб страницата која за пристап бара корисничко име и лозинка.

403 – се јавува кога веб серверот ја нема потребната дозвола за сервирање на веб страницата, а проблемот најчесто е предизвикан поради грешка не вебмастерот кој ја уредува веб страницата или „modesecurity“ заштитата на серверот.

404 –
се јавува кога ќе се обидете да вчитате веб страница која не постои; на пример можеби бараниот предмет навистина не постои, можеби вебмастерот погрешно ја поврзал датотеката на веб страницата, а можеби само погрешно сте ја впишале адресата во пребарувачот.

500 –
се јавува кога ќе дојде до грешка кај извршувањето на некоја скрипта или програма на веб серверот, а проблемот најчесто е предизвикан од грешка на вебмастерот кој ја уредува веб страната.

извор:факултети

Прегледи:
416
Објавено на:
27.02.2017