Категории

Знае шпански и оди во елитна градинка: Принцезата Шарлот наполни 3 години, а веќе влезе во историјата!

Ќерката на принцот Вилијам (35) и војвотката Кејт Мидлтон (36), Шарлот има обожаватели ширум светот иако само што наполни три години. Освен скапоцените подароци од кралското семејство, секоја година и пристигнуваат подароци и од фановите.

Во последните 25 години, Шарлот е првата женска наследничка на британската круна која ќе ја задржи својата позиција во линијата на наследства, а се наоѓа на четврто место.

Принцезата во јануари започна да оди во елитната градинка Вилокс, која се наоѓа недалеку од палатата Кенсингтон. Одењето во градинката чини 20.000 евра, а таму поминува околу три часа.

За својот прв роденден малата принцеза од Кмбриџ добила тропалка од бело злато во вредност од 40.000 евра. Освен сафирните и дијамантски детски играчки, Шарлот добила и некои автентични производи, како волна од Австралија или Нов Зеланд.

Принцезата поради својата дадилка која има шпанско потекло, говори и помалку и шпански јазик, а нејзината мајка, Кејт, тврди дека најзабавна „игра“ за неа е кога меси тесто за пица, или поточно кога ги забодува прстињата во него.

Прегледи:
424
Објавено на:
02.05.2018