Категории

Знаете ли дека погрешно ги перете фармерките цел живот? Употребете го овој трик и ќе ви траат подолго!

Многу време се троши за пронаоѓање совршени фармерки, а потоа ги уништуваме со перење. Секако, тоа не значи дека фармеркие никогаш не треба да ги перете, но мора да пронајдете начин за да не го променат обликот, да не избледат или едноставно да не се распаднат од носење и перење во машина.

Сигурно ја правите оваа грешка при перењето, а би требало да ја избегнувате. Никогаш, но никогаш не ги сушете фармерките во машина, така ќе се смалат, но исто така никогаш не ги перете на висока температура.

Стручњаците велат дека е најдобро да ги перете рачно, но поголем проблем настанува при сушењето или седењето на фармерките. Грешката која ја правите е тоа што фармерките секогаш ги стискате со рацете и така ја цедите водата од нив. А најдобар трик е да ги ставите на рамна површина, да ги завиткате како ролна и така да ги исцедите.

Никако не ги закачувајте бидејќи така го губат оригиналниот облик. Важно е да знаете колку често треба да ги переме фармерките. Нечистотијата и бактериите кои се собрале со текот на времето ја уништуваат ткаенината. Меѓутоа, не треба да ги перете често, доволно е на секои три до пет носења.

Прегледи:
466
Објавено на:
27.09.2018