Категории

Знаете ли каде оди чадот од цигарите?

Герила маркетингот е одличен начин како да се постигне голем ефект со мали средства и одлична идеја. Затоа тој е еден од најдобрите видови маркетинг и за организациите кои се стремат да ја зголемат јавната свест за општото добро.

Во  кампањатa против пушењето прикажана подолу, направени се  вентилаторите во облик на бели дробови. На овој начин, пушачите можат да го забележат чадот кој што го издишуваат од нивните бели дробови. Влијанието може да се максимизира кога пушачите го издишуваат чадот и несвесно го гледаат таванот каде се инсталирани вентилаторите.

Со текот на времето, белите дробови исто така добиваат и дамки што ја прави сликата уште поужасна. Се надеваме дека со оваа герила маркетинг кампања ќе се крене свеста кај пушачите за штетното влијание кое го имаат цигарите врз нивното здравје.