Категории

Знаете ли за што служи рачката на внатрешниот ретровизор во автомобилите?

Некои возачи тоа го знаат додека другите за тоа не размислувале премногу.

Како и да е, малата рачка на внатрешниот ретровизор сигурно не служи за поставување на разни украси…

Тоа е рачка за ден/ноќ возење, односно служи за заштита на возачите при ноќно возење да не ги заслепат светлата на возилата кои се наоѓаат позади нив.

Експертите објаснуваат што всушност се случува:

– При ноќно возење може да се случи да ве заслепат силните светла на возилата кои доаѓаат или возат позади вас. на долниот дел ретровизорот е рачката која можете да ја повлечете или гурнете. Огледалото се поместува надоле или нагоре и силната светлина позади вас нема да ви смета. Вратет ја рачката во почетната позиција и огледалото ќе се помести во идентична позиција, објаснуваат за порталот Интруктор вожње.

Додаваат дека и внатрешниот и надворешните ретровизори се подесуваат откако возачкото седиште е во најдобра положба за возење.

Исто така, кога ќе го наместите внатрешното огледало, добро внимавајте да не размачкате со прстите и оддржувајте го чисто за да видливоста е најдобра. Всушност тој ретровизор прикажува објектите најрелни.

– Надворешниот лев ретровизор ги покажува објектите оддалечени отколку што се. Надворешниот ретровизор ги покажува објектите уште подалеку отколку што ги покажува надворешниот лев ретровизор, додаваат на крајот.

Прегледи:
365
Објавено на:
05.04.2017