Категории

Знаете ли зошто секогаш треба да ја отворате вратата на вашиот автомобил со десна рака?

Секој возач, особено во летните периоди, знае каква мака е кога треба да излезе од својот автомобил, а притоа да не ја загрози безбедноста на другите. Имено, на возачите им се чини дека токму во моментот кога треба да излезат од своето возило, надоаѓаат пешаци, велосипедисти или други автомобили.

Па, поради тоа во Холандија е претставен нов и сосема едноставен концепт кој може да спаси многу луѓе од повреда. Сѐ што треба да направите е да ја отворите вратата со десна рака. Така, кога седите на возачкото седиште и имате намера да излезете од автомобилот, не треба да ја отворате вратата со лева рака, како што сте навикнати. Наместо тоа, научете се истото да го правите со десна рака. Овој едноставен потег ќе ве натера да го ротирате вашето тело, така што ќе го забележите ретровизорот и ќе го свртите телото да видите дали некој доаѓа кон вашето возило. Секако, ако сте на место до возачот, направете го спротивното, односно отворете ја вратата со лева рака.

Прегледи:
382
Објавено на:
28.01.2017