Категории

Знакот за доларот – симбол на моќ

Знакот за доларот, симбол на моќ. Но, чија моќ? Знакот за денешниот американски долар „$” потекнува од времето кога доларот не ни постел.

Кога Фердинанд Втори Арагонски ги протерал Маврите од Шпанија во 1492 година, посакал својот триумф да го одбележи со додавање на вертикална линија на семејниот грб, кој би ги претставувал двата столба на Херкулес.

Заземајќи го Иберискиот Полуостров, тој презел контрола и над Гибралтарскиот Теснец, каде според добро познат мит, се наоѓаат и столбовите на Херкулес.

Грчкиот јунак извршувајќи ги своите дванаесет задачи, поставил столбови на Гибралтарската Карпа во Европа и на Џебел Муси во Африка.

Така, хералдичките столбови на Фердинанд биле украсени со лента на која пишувало „Плус ултра“, бидејќи истата година Колумбо го открил Новиот свет.

Кога Шпанците почнале од тој нов свет да носат сребро и злато, новоискованите монети биле одбележани со два столба со лента означувајќи ја власта на Фердинанд.

Првите американски долари, исковани по примерот на шпанските пезоси потекнуваат од 1794 година.

Со време двете линии преку буквата „S“ се претвориле во една, иако денес некаде се употребува знак и со две вертикални линии.

Прегледи:
824
Објавено на:
09.10.2017