Знам што значи да се сакаш себеси. Се радувам на секој успех на блиските, далечните и заборавените луѓе. Се радувам на сѐ што живее, диши, создава, што успева и нешто постигнува. Затоа што нивниот успех ни најмалку не го намалува овој пламен во мене.
Од тоа не станувам помалку прекрасна, не станувам помалку сакана и заштитена. Затоа што во мене постои длабочина во која има место и за нивниот успех.
Способна сум да бидам дел од нивната радост и со целото свое битие да сфаќам дека секој нивен успех е исто така успех и радост на целиот свет – што значи дека нивниот успех е и дел од мене.
Знам што значи да се сакаш себеси. Ја обожавам земјата, градот и улицата во која живеам. Го обожавам погледот од прозор, минувачите. Дури и оние, депресивните. Бидејќи и тие, како и јас, еден ден ќе научат што значи да се сакаш себеси.