Категории

Знаци дека тој ве зема „здраво-за-готово“ во врската

Па дури и кога е присутна љубовта, може личноста со која сте да не ве цели доволно, односно да ги зема „здраво-за-готово“ сите оние нешта кои секојдневно ги правите за неа и сето внимание кое им го подарувате.

Како да бидете сигурни во која насока се движи вашата врска, овие знаци откриваат дека вашиот партнер не ве цени.

Не ви оддава признание
АКо личноста со која сте наутро не ви посакува добро утро, не се радува кога ќе се вратите од работа и не ви посакува да ви е пријатно кога заедно ручате или не ви посакува добра ноќ, тоа би ви требало да ви биде јасен знак. Ако не ви оддава признание за тоа што се присутни во неговиот живот, размислете два пати дали сакате да продолжите во иста насока.

Не сте дел од неговите планови
Ако вашиот партнер прави планови без да се консултира со вас и ве вклучува и вам во нив, тоа може да открие колку му значите. Можеби нема да бидете заинтересирани за некои од тие нешта кои тој би сакал да ги прави но тоа не значи дека не треба претходно да ве праша.

Не ви пружи поддршка кога сте тажни
Доколку поминувате низ тежок период предизвикан од болест или некоја ситуација на работното место а вашиот партнер не се грижи за тоа како се чувствувате, нити на било кој начин се обидува да ви олесне, тоа е јасен знак дека ве зема здраво за готово.

Никогаш не ви дели комплименти
Ако вашиот сакан со денови а можеби и со месеци не ви поделил нити еден убав комплимент, тоа значи дека едноставно не сте му на памет. Мажите се склони кон тоа да приметуваат нешта на жените, а неговата отсутност на комплименти е знак дека тој едноставно ве посматра како дел од ентериерот.

Вие сте задолжени за сите работи во домот
Еднаквата распределба на обврските или едноставно извршувањето на сето тоа кое е потребно во домот од страна на двата партнери е знак дека и двете страни се трудат сето тоа да функционира. Но ако сте спаѓа на една личност, значи дека и врската е само на неа.

Во вашата врска нема романтика
Отсуството на романтика е јасен знак дека вашата врска е пред завршување. Малите знаци на внимание кои се потребни за пламенот на љубовта да се одржува со години како што се бакнежите, прегратките, подготвувањето на омилената шолја кафе, појадокот во кревет, не се нешто што бара посебни вештини туку само желба.

Прегледи:
586
Објавено на:
12.11.2020