Категории

ЗНАЦИ КОИ ОТКРИВААТ ДЕКА СИ ИМАТЕ РАБОТА СО СОВРШЕНА ЖЕНА

Сигурно во главата веќе имате некои одредени вредности кои една жена треба да ги поседува за да ја наречете совршена жена. 

Совршена жена првенствено е реализирана личност, способна на откриени и посветени односи, а ова се само дел од карактеристиките според кои ќе ја познаете:

1 Не игрa игри

Не се обидува да ве направи љубоморни, за да провери дали сте заинтересирани за неа. Таа не бара таква потврда, бидејќи не е несигурна и цврсто верува дека љубомората не е тесно поврзана со љубовта. Не сака да ги истражува вашите слабости и да ве тестира, за да ви даде можност да се запознаете и зближите.

2 Нема комплекси на принцеза

Жената која не се смета за слаба и која нема потреба од постојана заштита е онаа на која треба да се посветите. Тоа може да се врати сама дома во секое време, бидејќи тоа го правела и пред да ве сретне вас.

3 Има сопствен живот

Не е постојано на располагање, бидејќи има обврски – семејни, пријателски и бизнис, со кои немате апсолутно ништо заедничко. Таа нема очајно да моли за да се запознаете со нејзиниот круг на пријатели и познаници и по секоја цена да ве “влече” по настани со нив, и не сака постојано да биде вовлечена во вашиот круг на пријатели.

4 Можете да ја поканите секаде

Прво, важно е да не се жали дека ја поканувате некаде. Квалитетната жена ќе најде заеднички интереси со секој круг на луѓе, без разлика дали сте на забава или на возење велосипед сред природа.

Прегледи:
462
Објавено на:
08.07.2016