Категории

Знаци кои откриваат дека ТОЈ не е баш заинтересиран за вас

Престанете да се мачите измислувајќи разни теории за неговото однесување, ова се јасни сигнали дека мажот едноставно не е заинтересиран за вас.

Тажно но вистинито, жените понекогаш претерано се прилагодуваат кога се работи за мажите и љубовта. Тогаш пронаоѓаат изговори и се трудат да ги разберат мажите кои вистина тоа не го заслужуваат. Авторот на книгата He’s Just Not That Into You, Грег Бихринт им ги отвара очите на сите жени објаснувајќи ги ситуациите во кои однесувањето на мажот јасно дава до знаење дека тој не е заинтересиран за жената.

Ова се некои ситуации во кои спрема Грег, не треба да размислувате и создавате теории и треба да го прифатите едноставниот факт:

-Ако не ве повикува на состанок, не е заинтересиран.
-Ако не ви се јавува, не е заинтересиран.
-Ако избегнува средби,не е заинтересиран.
-Ако не сака да спие со вас, не е заинтересиран.
-Ако спие со друга жена, не е заинтересиран.
-Ако го интересирате само кога е под дејство на алкохол, не е заинтересиран.
-Ако веќе еднаш раскинал со вас, не е заинтересиран.
-Ако го снема без објаснување, не е заинтересиран.
-Ако не сака да се разбеде, не е заинтересиран.
-Ако е себичен, насилник, и лудак, не е заинтересиран.

Прегледи:
639
Објавено на:
07.07.2020