Категории

Знаци кои покажуваат дека ги маѓепсувате сите каде и да се појавите

Доколку мислите дека не сте многу привлечни, овие знаци го докажуваат токму спротивното

Одвреме навреме самодовербата може да опадне и луѓето често умеат да се сомневаат во својата атрактивност. Кога најблиските ви зборуваат дека изгледате одлично, а вие мислите дека ве лажат за да се чувствувате подобро, обрнете внимание на овие знаци – тие ви гарантираат дека сте попривлечни отколку што си мислите.

1.Ретко добивате комплименти
Дали ви се случило некогаш да се чувствувате 100% самоуверени и сигурни дека изгледате одлично, но цела вечер не сте добиле нити еден комплимент? Секако тогаш би помислиле дека нешто не е во ред, но ситуацијата е обратна – луѓето мислат дека сте свесни колку убаво изгледате и нема потреба тоа дополнително да го нагласуваат и да ви кажуваат. Другите луѓе пак мислат дека убавите жени се свесни за својата убавина и дека не сакаат толку внимание.

2.Кога конечно ќе добиете комплимент, ви делува како сожалување
Кога цела вечер чекате комплимент, и кога конечно ќе го добиете, ви звучи некако празно и неискрено. Жените обично со тоа се навредуваат, но всушност треба да бидете среќни затоа што луѓето кои даваат таков вид на комплимент ја сметаат вашата атрактивност за нешто константно на што не треба постојано да се обрнува премногу внимание.

3.Непознати луѓе често се обидуваат да воспостават контакт со очите со вас
Многу е едноставно – краток поглед во вашиот правец кој завршува со блага насмевка претставува пријателски сигнал. Од друга страна, долгиот поглед право во очи исто така пропратен со насмевка означува силни емоции и очигледен обид за воспоставување на контакт. Тука е и третата опција – личноста која ве гледа дури и откако сте забележале дека го прави тоа и сте ја завртиле главата од неа, очигледно е заинтересирана за вас. Не ви приоѓа затоа што сака да биде тактична и сака да го поништи нагонот да трча по вас.

4.Луѓето креваат веѓи кога ве гледаат
Тоа е нешто што се случува несвесно и автоматски кога ќе забележиме атрактивна личност.

5.Личноста не се труди да задржи дистанца туку се обидува да ви се приближи
Ако личноста чувствува добри вибрации во текот на разговорот, полека ќе почне да ја намалува дистанцата. Можеби ќе има и лесни допири по вашата рака. Овој знак особено доаѓа до израз кога сте во гужва и нема бучава.

6.Луѓето се изненадени кога ќе откријат дека имате комплекси и ви недостига самодоверба
Сосема очигледен знак дека вашиот „проблем“ е потполно имагинарен. кога ве гледаат, луѓето на вас гледаат се убаво, затоа што изгледате полни со самодоверба. Уште поголем доказ за вашата привлечност од изненадување е кога луѓето се нервираат поради тоа што не сте свесни за сопствените предности.

7.Луѓето се или премногу љубезни или премногу непријателски настроени спрема вас
Двата знаци се сигнали дека луѓето не се индиферентни спрема вас. Самоуверената личност која нема комплекси се смета себеси за атрактивна и успешна, и истите тие квалитети ги цени и кај другите. Тоа е причината зошто луѓето кои ги сметате за атрактивни и успешни се доста љубезни спрема вас – затоа што во вас ги гледаат особините слични на нивните.

Од друга страна, убавите луѓе често се среќаваат со негативни реакции, а притоа таа личност не направила ништо лошо. Тоа не сфаќајте го лично – овие луѓе се обично несреќни, имаат ниска самодоверба и во вас го гледаат она што нив им недостига.