Категории

Знаци кои покажуваат дека тој не е вашата сродна душа

Секој од нас посакува да ја пронајде својата вистинска љубов, својата сродна душа, друга половина со која совршено се согласува. Реалноста е таква што прави ретко некој да успее во тоа, а најчесто виновни се површните односи и погрешните приоритети во животот.

Има такви луѓе кои не се замараат премногу со ова прашање и единственото кое им е важно е да не се сами, но наспроти нив стојат оние кои се прашуваат каде е нивната подобра половина. Во продолжение ќе прочитате неколку знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот партнер не е вашата сродна душа.

1. Не е во состојба да ги чита вашите мисли

Сродните души често се во состојба да комуницираат без зборови затоа што добро се познаваат и се разбираат. Ако тоа не постои со вашиот моментален партнер, тогаш не е тоа што го посакувате.

2. Помеѓу вас нема сексуална или романтична хемија

Нема пеперутки во стомак додека се бакнувате, нема романтични излегувања, сексуалните апетити ви се слаби, недостасува страст.

3. Никогаш не ве фали

Вистинскиот партнер на кој сте му важни ќе настојува да ве расположи, поддржи, да ве разбере. Затоа ќе направи сė за да се чувствувате добро во својата кожа.

4. Постојано ве критикува и не се чувствувате пријатно со него

Со сродната душа би требало да се чувствувате пријатно и без проблем да бидете она што сте. Ако покрај партнерот не можете да се опуштите или ако се претворате во нешто што не сте само за да не ве критикува или ако постојано имате потреба да се правдате, тогаш тој не е за вас.

5. Често се наоѓате во ситуација да ги оправдувате неговите постапки пред другите

Партнерот кој е ваша сродна душа нема да ве доведува до ситуации во кои неговото однесување, изговорените зборови или начинот на размислување ќе морате да ги оправдате пред семејството или пријателите.

6. Покрај него не се чувствувате сигурно

Среќниот и здрав љубовен однос дава чувство на сигурност, но ако сте од било која причина загрижени дека вашиот партнер можеби флертува со други или низ главата ви поминува дилема во врска со вашата заедничка иднина, тогаш тоа не е вистинската врска за вас.

Прегледи:
694
Објавено на:
28.06.2018