Категории

Знаци кои укажуваат дека ТОЈ само го троши времето со вас додека не наиде на „подобра прилика“

Немојте да живеете во заблуда и константно да размислувате за мажот на кого очигледно дека не му се допаѓате

Не сте сигурни дали губите време на господинот погрешен? Или само ви се чини дека се однесува поинаку спрема вас. Да не си ја „удирате главате“ без потреба размислувајќи бескрајно, ви откриваме три сигурни знаци кои покажуваат дека тој дефинитивно не е заинтересиран за вас.

1.Премногу е зафатен за да се види со вас
Сте се запознале преку друштвените мрежи или преки апликација за запознавање, а потоа во живо. Состанокот помина прилично добро и ви се чини дека тој си помина убаво покрај вас како и вие. Сте се слушнале неколку пати од тогаш, но одеднаш се почна да оди наопаку. Не ви се јавува или постојано ви откажува да се видите поради „многу работа“ или други изговори.
Понекогаш се слушате и ви испраќа пораки, а вие сте убедени дека и понатаму му се допаѓате.
Треба да сфатите дека некој кој не може да пронајде ни малку време за вас, не е заинтересиран во потполност. Избегнување на гледање и само праќање пораки е доволна причина да прекинете контакт со него. Ако тоа што и понатаму ви праќа пораки ве прави да мислите поинаку, сфатете го тоа само како љубовезност од негова страна, едноставно се обидува да биден фин или му е досадно.

2.Не сака врска
Мажот кој отворено го кажува ова, ја изнесува релната вистина на виделина: Не сака да биде во врска со вас, но не му е проблем да „тепа време“ во разговор и пиење кафе кога нема со кој. Можеби му се допаѓате но како другарка. Без оглед на тоа колку мажот покажува интерес спрема вас, со оваа реченица тој ви дава до знаење дека не сака обврски и дека важна му е само забавата.

3.Ви обрнува внимание само кога сте со група луѓе
Кога сте во група со пријателките, тука е и еден маж кој постојано ве опсипува со внимание. Меѓутоа, помеѓу таквите случувања нема ни трага ни глас од него. Евентуално ќе ви испрати една порака на Фејсбук или ќе ви ја лајкне сликата. Никогаш не ве повикал да излезете што ве чуди најмногу.
Жените во главно наоѓаат изговори за ваквите мажи дека се срамежливи или зафатени. Но тоа не е така, ако навистина му се допаѓате – ќе ве повикал уште порано да излезете на состанок, ќе се обидел подобро да ве запознае и не би ви приоѓал само кога сте во група со луѓе.
Не обрнувајте многу внимание на зборовите, делата се поважни.

Прегледи:
505
Објавено на:
27.12.2019