Категории

Зои Кравиц наполни 30 години! Мистериозната девојка, ќерка на познати родители!

Родена 1988. година, Зои Кравиц е најпозната по своите актерски улоги, но таа е и основач на популарниот R&B состав Lolawolf.

За нејзините музички и актерски гени се заслужни нејзиниот татко Лени Кравиц и мајка и Лиса Бонет. Првиот филм „Без резервации“, Зои го снима во 2007. година, за подоцна да продолжи со низа други успешни филмски улоги.

Таа од 2016. година се забавува со актерот Карл Глусман, а воо февруари 2018. година тие се верија. Својот необичен изглед на оваа млада актерка се должи на нејзините еврејско-афроамерикански корени. Зои има полусестра и полубрат од мајчина страна. Имено, Лиса Бонет е омажена за славниот актер Џејсон Момоа со кој ја има ќерката Лола и синот Накоа – Волф. Инспирацијата за името на својот бенд, Зои ја пронашла токму во имињата на нејзиниот брат и сестра – Лолаволф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoë Kravitz (@zoeisabellakravitz) on


Освен со глума и пеење, Зои се занимава и со моделинг и пишување.

„Сакам да пишувам и да продуцирам и да глумам во сопствени филмови“, изјавила таа во 2016. година. „Имам толку многу недовршени сценарија дома, идеи кои мислам дека се фантастични… Живееме во време кога навистина можеш да ги развиеш и оствариш своите идеи.“

За модниот свет кој е во потрага по единствена убавина, Зои е совршенство. Честопати можете да ја видите на модните писти како промовира облека од светски дизајнери.

Како тинејџерка Зои се борела со булимија и анорексија.