Во зоолошката Lehe Ledu Wildlife во Кина, туристите се оние кои се затворени во кафез, додека животните шетаат наоколу слободно.
Доколку ја сакате дивината и сакате да го искусите животот каде ѕверовите како лавови, тигри, мечки живеат, но секако не сакате да настрадате, ова е вистинското место за вас.
Оваа зоолшка каде буквално им одите на посета на животните, во нивната природна средина, е една единствена во светот.
Возилата во кои се возат туристите имаат на нив прикачено парчиња месо за да ги привлечат дивите животни, како би ги виделе убаво туристите. Ова е засега најбезбедниот начин да се искуси дивината.