Категории

ЗОО Скопје е побогата за уште еден член: Ова е Сречко, најмалата спасена верверичка

ЗОО Скопје отсега е побогата за уште една слатка верверичка, која за среќа беше спасена од добри и хумани луѓе. 


„Некој монструм ќе беси верверички во Соње, а некои дечки со големо срце ќе спасуваат. Малово бонбонче двајца прекрасни момци го најдоа на Средно Водно, паднало од високо дрво и се повредило. Не го оставиле, го земаа и ми го дадоа и сега се дружи со уште три поголеми другарчиња кои ги најдоа во Влае. Го викаме Сречко, на моменти и Сугаре, зошто е најмалечко и со цела сила се бори да се вклопи и трчка со другите вервери“, напиша на својот фејсбук профил Тина Мицкоска, портпарол на ЗОО Скопје.

Прегледи:
543
Објавено на:
07.05.2020