Додека трае забраната за масовни собири и движење, деновите кога зоолошката работи без посетители ги искористуваат за разубавување и реновирање на градината.
Се чистат езерата, каде што ќе бидат поставени и фонтани, се реновира Бејби ЗОО, се подготвуваат нови игралишта и активно се работи на живеалиштата за пингвини и фламинга.
Кога ќе помине сето ова, ќе ве дочека целосно средена и обновена зоолошка градина.
Во меѓувреме, чувајте се, седете дома и придржувајте се кон сите мерки и уживајте во вклучувањата во живо од ЗОО Скопје.