Категории

Зошто да одберете спротивен хороскопски знак за свој партнер

Спротивностите се привлекуваат или тоа е само мит? Но едно е јасно дека нештата не се толку едноставни, секогаш кој бил во врска со хороскопски знак кој е поларна спротивност знае какви предизвици може да носи таа врска.

Секој хороскопски знак има свој пар кој е негова спротивност, тие се наречени поларити или знаци кои се наоѓаат на спротивните страни на елипсата и се 6 знаци раздалечени еден од друг. (Како овенот и шест знаци после него е вагата)
Како две страни на монетата, парот спротивни знаци едноставно поседуваат некоја аура која ги влечи еден кон друг иако тоа не го забележуваат, а другите се прашуваат во што е тајната тие знаци кои изгледаат толку спротивни успеваат да опстанат еден покрај друг.

Ние ви откривате кои се тие знаци и во што се крие магијата на привлечноста:

Овен и Вага
Овенот е огнен знак кој е често избувлив и секогаш го разгорува огнот на нештата, додека вагата е смирена и рационална, тие успеваат да пронајдат заеднички јазик така што вагата е секогаш тука да му помогне на овенот да ги смири нештата додека овенот ја учи да открива нови искри на нештата и да ги искусува на подлабок начин.

Бик и Шкорпија
Бикот се води според земските задоволства, додека шкорпија е водена од Плутон – богот на подземјето. Додека бикот му пружи задоволство и „приземјување“ на шкорпија која е инаку нестабилна и страсна, таа го учи да открива нови нешта и да ги следи своите соништа.

Близнаци и Стрелец
Заедно тие се незапирливи.
Близнаците внимаваат на деталите додека Стрелецот го интересира големата слика, но заедно трагаат по исто нешто – бескрајни авантури и нови откритија.

Рак и Јарец
Тие се како јинг и јанг. Јарецот е предводен од локигата и сака да работи, додека ракот има одлична интуиција. Двата заедно можат да постигнат многу цели.

Лав и Водолија
Овие два знаци знаат како да се забавуваат. Лавот обожава грандиозни забави, додека Водолијата е спонтана и пронаоѓа забава буквално секаде. Заедно никогаш нема да им биде здодевно.

Девица и Риби
Двата знаци сакаат да им помагаат на другите, поседуваат емпатија и рационалност. Лесно можат да пронајдат заедничка цел која ќе ги мотивира да ги остварат своите замисли.

Прегледи:
974
Објавено на:
05.09.2019