Категории

Зошто денешниот петок 13-ти е понеобичен од претходните?

Петок 13-ти е морничав ден сам по себе без разлика на контекстот, но има нешто што е понеобично кај овој 13-ти мај 2016 година. Денешниот е единствениот петок 13-ти што се појавува на календарот за 2016 година. Да направиме споредба:

Минатата година петок 13-ти се појави 3 пати.

Тоа доведува до интересно прашање: Колку често се паѓа петок 13-ти во текот на годината? Одговорот е дека се појавува доволно често за да се смета за културен феномен, но не толку често за неговата необичност да избледи. Секогаш забележуваме кога овој датум се појавува на календарот.

Дури и да не се сметате себеси за суеверна личност, сепак веројатно го чувствувате ефектот на петок 13-ти. Според истражувањата, речиси 21 милион луѓе признаваат дека чувствуваат барем блага анксиозност за време на овој несреќен ден.

Минатата година петок 13-ти ги украси нашите календари дури 3 пати: Во февруари, март и ноември. Но, оваа година имаме среќа да поминеме низ оваа суеверна траума само еднаш, додека пак наредната година можеме да очекуваме дека 13-тиот ден од месецот ќе се падне во петок во јануари и октомври. Исто така, овој „празник“ се појавува два пати и во 2018, 2019 и 2020 година.

Па, кои се шансите петокот да се падне на 13-тиот ден од месецот? Ако се водите според грегоријанскиот календар, не е возможно петок 13-ти да се случи повеќе од 3 пати годишно.

Едно истражување од „National Geographic“ открива дека исто така е невозможно целосно да го прескокнеме. Петок 13-ти секогаш ќе се погоди барем еднаш на грегоријанскиот календар, без оглед дали сме подготвени за тоа или не.

Секако дека во зависност од тоа каде живеете, петок 13-ти може воопшто да не се смета за несреќен ден. Во Италија, на пример, се верува во спротивното.

Бројот 13 се смета за среќен, а петок 17-ти е датумот на кој треба да внимавате. Во секој случај, не постои причина да се верува дека петок 13-ти е предзнак на лоши нешта.

И покрај традиционалниот фолклор, истражувањата покажуваат дека нема поголем број несреќни настани на петок 13-ти во однос на кој било друг ден од календарот.

На крајот на краиштата, петок 13-ти ќе биде онаков каков што вие самите ќе си го направите. Ако сакате да го гледате како и секој друг обичен календарски ден, само напред.

Но, ако сте од оние луѓе кои сметаат дека суеверијата се по малку забавни или барате изговор да останете дома и да гледате хорор филмови, слободно прославете го овој петок 13-ти годинава. Ќе треба да почекате малку додека да дојде следниот.

Прегледи:
273
Објавено на:
13.05.2016