Категории

Зошто е добро да се сака жена која премногу размислува?

Жените нема да направат некој спонтан потег. Тие секогаш размислуваат пред да стапат во акција.

Зошто ми го напиша ова, што тој мисли, што да му одговорам, дали ќе ме сфати погрешно, можеби би требала да направам вака, или онака..
Познато?
Мажите имаат една голема особина, а тоа е едноставноста. Кај нив е или црно или бело, но затоа жените се комплицирани и многу размислуваат, а еве зошто.

-Жените ги купуваат најдобрите роденденски подароци кој еден маж некогаш ги добил. Не е воопшто важно колку време ќе поминат во одбирање на подарокот се додека не го пронајдат идеалниот.

-Жените нема никогаш да кажат нешто за време на расправија за кое подоцна ќе се покаат. Тие никогаш нема да се извинат за своите зборови, тие стојат позади се што изговараат затоа што во своите глави се расправале веќе неколку пати пред расправијата да станала реалност.

-Секогаш знаат кога нешто не е во ред. Секогаш ги забележуваат дури и најмалите промени во очите на мажот и во неговата насмевка. Ако жената нешто згрешила, таа ќе се извини веднаш.

-Жените се секогаш подготвени за било која ситуација. Ако почне да паѓа дожд, тие носат чадор во својата ташна. Ако случајме се извалкате, тие носат влажни марамици за да се избрижете.

-Жените имаат спектакуларни идеи за забава. Жените кои поминуваат многу време во размислување, секогаш го имаат испланирано и најмалиот детал кога сакаат добро да се забавуваат со своите сакани.

-Жените никогаш не забораваат важни случувања. Всушност, тие почнуваат да се подготвуваат за роденденот на својот партнер уште неколку месеци пред датумот. Тие сакаат да планираат однапред.

-Жените нема да направат некој спонтан потег. Тие секогаш размислуваат пред да стапат во акција. Тие нема да се појават пред вашата врата ненајавено со куче во прегратка.

-Жените мислат за нешта за кои мажите воопшто не размислуваат.
Ако партнерот наредниот ден има важен состанок, жената ќе го потсети што треба да направи, како подобро да се подготви, таа ќе му ја подготви облеката и ќе го потсети да ја среди брадата.

-Жените ги согледуваат ситуациите од различни агли пред да донесат конечна одлука, а кога еднаш ќе ја донесат бидете сигурни дека тоа е вистинската, затоа што веќе претходно ги разгледале сите опции а таа им се укажала како најдобра.

Прегледи:
746
Објавено на:
02.03.2020