Категории

Зошто е прекрасно да имате помлада сестра?

Поврзаноста помеѓу сестрите е навистина посебна, без оглед на годините. Расправата за тоа дали е подобро да се биде помлада или постара сестра нема крај. Меѓутоа, сите постари сестри ќе се сложат со тоа дека нивните помлади миленички се вистински благослов без оглед на сестринските расправии кои понекогаш се случуваат.

1.Покрај нив станува поодговорни
Постарата сестра често ја има улогата на мајка. мора да се грижи помалата сестра да стане, да се подготви за на училиште, да ги изврши своите обврски. Баш поради тоа постарата сестра создава чувство на одговорност кое не би го добила толку рано да не би имала некој за кого би се грижела.

2.Мали ноќни разговори
Речиси не постојат сестри кои во еден период од животот не ја делеле својата соба. Сестрите секогаш се жалат на недостаток на приватност и простор, но не и на оние тивки ноќни разговори кои се случуваат кога нити една не може да заспие.

3.Вашите пријатели ја обожаваат
Вам можеби и не ви била толку драга да не ви украла нешто од плакарот, но вашите пријатели ја обожаваа вашата малечка сестра. Тие едноставно имаат способност да се вовлечат под кожа во вашето друштво и редовно да „пречат“ за време на заедничките дружења.

4.Таа ви верува
Годините со себе донесуваат искуство и затоа секогаш сте подготвени да ја предупредите вашата помала сестра да не замине во погрешна насока. Се трудите да не ги повтори вашите грешки кои сте ги направиле и и делите совети во вистински миг, а таа ги слуша затоа што ви верува.

5.Шеги кои само вие ги разбирате
Некои нешта на кои само вам двете ви се забавни и никој друг не ги разбира. Ќе ве гледаат зачудено додека вие ги прераскажувате вашите интерни шеги држејќи се за стомакот од смеа. Тие едноставно не можат да сфатат за што се работи – но тоа ви е јасно само на вам двете.

6.Таа е изговор за се
Колку пати сте добиле дозвола да одите некаде под услов да ја поведете и вашата помлада сестра? Секако, секогаш сте го прифаќале тоа. И понекогаш можеби сте ја оставиле вашата сестра некому на чување, но секако, вашите родители денес не знаат за тоа.

7.Никогаш не ве заборава
Без оглед на тоа колку сте оддлачени поради обврските и различниот стил на живот, без оглед на тоа колку нови пријатели ќе стекнете, помладата сестра никогаш не ја заборава својата прва најдобра пријателка – вам.

Прегледи:
512
Објавено на:
15.09.2021