Категории

Зошто го посакуваме тоа што не можеме да го имаме?

Без разлика на возраста, врзувањето за незаинтересирани или емоционално и недостапни личности е заедничко за многу луѓе, и на секому од нас тоа му се случило најмалку еднаш во животот.

Дали сте се запрашале зошто е толку тешко да ги оставиме луѓето кои повеќепати не’ одбиле, не’ изневериле или не’ повредиле? Авторката на книгата “Why We Love”, Хелен Фишер, открива дека одговорот се наоѓа во невролошките реакции кои се случуваат во нашиот мозок.

Според Фишер, причината зошто ги посакуваме луѓето кои не’ одбиваат е поврзана со деловите во мозокот кои функционираат како стимулатори, односно одбивањето го поврзуваат со мотивација, желба, награда и зависност. За оваа цел, Фишер спровела истражување во кое учествувале 15 студенти кои доживеале љубовно разочарување, но сеуште се заљубени во поранешните партнери.

Во истражувањето кое се состоело од три дела, на учесниците прво им била покажана фотографија од поранешниот партнер, потоа требало да решат математичка равенка, а на крајот им била покажана фотографија од позната личност према која немаат романтични чуства. За целото време нивниот мозок бил скениран. Интересно, само при првата вежба била забележана мозочна активност во делот на мозокот кој е поврзан со награда и желба.

Оваа ситуација експертите ја поврзуваат со зависноста од дрога, само што во овој случај дрогата доаѓа во форма на недостапна личност. :)

Прегледи:
297
Ознаки:
·
Објавено на:
28.12.2016