Категории

ЗОШТО ИМАМЕ ИСПАКНАТИ РЕЦКИ НА F И J НА ТАСТАТУРАТА ?

Испакнатините на F и J на компјутерските тастатури се таму со цел да им помогнат на корисниците полесно да ги лоцираат точните копчиња, без да гледаат надолу кон тастатурата.

Причината зошто само овие две копчиња се такви е затоа што ја означуваат идеалната позиција пишување, за рацете. Сместувајќи ги показалците на овие две копчиња, левата рака ги покрива A,S, D и F, додека десната ги покрива J, K, L и точка-запирка. Палците, пак, одмараат на Space копчето.

Испакнатините се патент на Џун Е. Ботич, како начин да се зголеми брзината и прецизноста на корисникот на тастатурата.

Прегледи:
383
Објавено на:
23.02.2016