Категории

Зошто Камерон Дијаз се „пензионираше“ од актерството

Актерката која доминираше со филмската индрустрија во средината на ’90-тите и почетокот на 2000-тата и за која се мислеше дека ќе има блескава кариера во годините кои следуваат ја шокираше јавноста со своето прерано „пензионирање“ од актерството.

Таа последно се појави на филмското платно во 2014 година во улогата на госпоѓа Ханиган во римејкот на Annie.
После тоа актерката одлучи да направи пауза од глумата изјавувајќи дека тоа го планирала веќе подолго време.
Овој месец по повод годишнината на магазинот InStyle таа се отвори за својот приватен живот и сподели зошто се одлучила на овој чекор.

„Ја вкусив славата кога имав речиси 22 години, тоа беше пред точно 25 години, помина доста долго време. Кога ќе размислам подобро, голем дел од својот живот го посветив на јавноста. Мислам дека дојде вистински момент да си земам време за себе и да ги организирам своите мисли за тоа што точно сакам да правам понатаму. Но во нити еден миг не ми недостигаше глумењето.“
Таа сподели дека сега е фокусирана на својот приватен живот и дека ужива во искусување на нови нешта за кои претходно не била во можност, и дека не размислува повторно да се врати на филмското платно.

View this post on Instagram

“I started [experiencing fame] when I was 22, so 25 years ago—that’s a long time. The way I look at it is that I’ve given more than half of my life to the public. I feel it’s OK for me to take time for myself now to reorganize and choose how I want to come [back] into the world. If I decide to,” @CameronDiaz says in our September issue. “You know, I think the 40s are the best decade. You just get to be real with yourself, and you can also make necessary changes because you have the experience of looking back on four decades. You get to let go of giving a shit about anything. It’s such a relief.” More on returning to the spotlight on her own terms at the link in bio. #InStyle25 | Photographed by @camillaarmbrust; Styled by @rebeccarams

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine) on

Прегледи:
436
Објавено на:
05.09.2019