Имено, Ета изминатата недела на социјалните мрежи објавила видео во кое тврди дека е бездомничка благодарение на своите родители кои се хомофоби.
„Здраво јас сум ќерката на Џеки Чен и ова е мојата девојка Енди. Ние сме бездомнички веќе еден месец благодарение на нашите родители кои се хомофоби. Спиеме под мост и ги поминуваме сите работи како и останатите бездомници“, вели во видеото Ета.
https://www.youtube.com/watch?v=v3s4AxWIgB0
Џеки Чен ја доби Ета за време на кратката афера со нејзината мајка Елејн Џи-Леи, а нивната врска ја нарекол „страшна грешка“. Ета со татко и немала никаков контакт, а своевремено изјавувала дека додека има мајка, не и е потребен татко.