Кога кучињата ќе се родат, нивната мајка прво ги лиже за да го стимулира нивното дишење и да ги исчисти.
Со текот на нивното растење, тие се почесто ја лижат мајка си во пределот на муцката. Тоа е еден вид на комуникација која тие ја остваруваат со неа, затоа што ја гледаат како доминантна. Кога кучето се лиже, се лачи ендорфин кое го прави кучето среќно. Тие сакаат да ја покажат својата љубов кон своите сопственици преку своите дела.
Кога кучето самото се лиже, тоа може да го прави затоа што му е здодевно. Но, проблемот може да бидеи медицински како некоја алергија или воспаление на кожата. Ако видите дека кучето се лиже постојано на исто место или има појава на црвенилото, веднаш треба да го однесете на ветеринар.