Категории

Зошто лилјаците спијат наопаку?

Навистина повеќето од нас не ги сакаат во нивна непосредна близина, но мора да признаеме дека лилјаците се неверојатни суштества.

Во повеќето случаеви нив можеме да ги најдеме во пештери спиејќи наопаку. Но, лилјаците не живеат само во пештери, иако им обезбедуваат одлично скривалиште за хибернација. Можат да се населат и на тавани, под мостови и во шупливи дрвја. Она што секогаш им е заедничко е тоа што секогаш спијат висејќи наопаку.

За тоа постојат неколку причини. Прво, за разлика од птиците, лилјаците не можат со телото да се одразат во воздухот, бидејќи нивните крилја не им овозможуваат доволен замав за лет. Теоретски, во воздухот можат да се одразат со мал залет, но нозете им се преслаби за постигнување доволна брзина. Затоа тие немаат друг избор, освен да го одразат летот држејќи се на нозе за некоја висока точка.

Висејќи наопаку, тие доста вешто се скриваат од предатори, бидејќи повеќето животни, а и луѓето се будни додека тие спијат. Тие имаат доста посебен вид на адаптација бидејќи не вложуваат ни малку енергија.

За разлика од луѓето, кои кога со раце дофатат нешто, активираат тетиви и мускули, лилјаците функционираат поинаку. Кога со нозете се фатат за некоја горна точка, тежината се пренесува на горниот дел на нивното тело, и нивните канџи автоматски затвораат, и нивната тежина ги држи затворени додека спијат.

Овој механизам, е толку јак што во случај да умре лилјак додека спие или одмара, ќе остане да виси, додека некој или нешто не го турне надолу.

Извор : enauka.mk

Прегледи:
452
Објавено на:
22.02.2017