Категории

Зошто „лошите момци“ се фатални за жените?

Најпрво треба да се разјасни што всушност значи лошо момче. Тоа е оној кој плени со својата харизма, има свој став, свесен е за својата привлечност и затоа е дрзок, арогантен и безобразен. Жените „паѓаат“ токму на овој вид мажи. Колку е побезобразен, толку повеќе им се допаѓа.

Жените сакаат мажи полни со самодоверба, а тие за жал, најчесто се лоши по нив. Тие се вистински предизвик, а секој сака возбуда. Добрите момци не се толку интересни. Со нив нема такви турбуленции, драма и патење како со лошите. А жените, би сакале да признаеме или не, се кралици на драмата.

Лошите момци не умеат да бидат верни и посветени. Најчесто се емоционално недостапни, а жените веруваат дека ја имаат таа чудесна моќ да ги променат. Никого не можете да промените против неговата волја. Сакаат да им бидат и мајка, и татко, и љубовница и психолог. Никако не сфаќаат дека нив не им треба помош од жена и дека тие не сакаат да се променат. Никого не можеме да промениме против неговата волја. Секој треба да го сфати тоа еднаш засекогаш.

Она што најпрво изгледа привлечно кај лошите момци, по некое време станува одбивно. Тоа што на почетокот делува секси, шармантно, возбудливо, подоцна излегува на површина и сфаќате дека всушност тој и нема некои посебни квалитети и дека така и ќе остане.

Проблемот е што тешко учиме на грешките и повторно наоѓаме лошо момче. Се е и понатаму исто, приказната исто завршува. Ниедно лошо момче нема да успеете да го претворите во добро. Тогаш, зошто би се труделе да менуваме некого? Вљубете се во некого таков каков што е. Дозволете да и го привлече вниманието тој фин, културен маж кој веќе долги години ве посакува. Сакате да бидете среќни? Среќата ве чека со добрите момци.