Категории

Зошто мажите одеднаш губат интерес?

Дали некогаш сте се запрашале зошто мажите губат интерес? Во еден миг се е совршено додека во другиот тој веќе заминал?

Веројатно и вие некогаш сте имале совршена вечер со некој маж, сте ги поделиле своите чувства, сте осетиле взаемна заинтересираност и симпатија, можеби сте биле интимни, и после тоа тој веќе никогаш не се јавил.. Или некое време бил романтичен и нежен, ви зборувал се што сте сакале да чуете, бил ваша сродна душа, а потоа оладил и ја прекинал врската?
Многу мажи го надрастуваат стравот од оврски кога ќе пораснат, но некои не.
Мажите кои не се спремни за врзување ќе ве остават со горчлив вкус и без никакво објаснување, па уште долго ќе се прашувате што не е во ред со машкиот род.
Некои мажи постојано влегуваат во нови врски затоа што едноставно не сакаат да го изгубат чувството дека секогаш можат да освојат нова жена, и дека се слободни и достапни за повеќе опции. За многу мажи освојувањето е само натпревар, сакаат да знаат дека можат да ве имаат и кога еднаш ќе ве добијат вие престанувате да им бидете интересни.
Веќе не треба да се трудат да докажат нешто и преминуваат на нова жена со чија помош ќе си докажат на себеси дека се атрактивни, паметни и совршени.
Некои мажи едноставно се плашат од обврзување, кога ќе се случи некоја хемија, мажите чувствуваат некои нешта и се плашат а бегањето им е инстинктивна реакција.

Прегледи:
402
Објавено на:
14.10.2019