Категории

„Зошто мажите сакаат кучки?“

Основни лекции за доминација од познатиот бестселер

Книгата „Зошто мажите сакаат кучки“ (Шери Аргов) беше бестлесер кога се појави, а ако ве нервираат и одбиваат стереотипите, тогаш е време да размислите. Тие настанале со причина, стереотипните однесувања се човечки одлики и рамки во кои се одвиваат сите наши односи и не можеме едноставно да ги отфрлиме. Потребно е да ги разгледаме, да ги земеме во обзир и во таа смисла да ги преиспитаме своите уверувања и вредности.

Ако имате проблем во емотивните односи поради тоа што не се вклопувате во стереотипите – не морате ни да се вклопувате. Но разбирањето како стереотипите функционираат, може да ви помогне да сфатите зошто постојано се соочувате со истите предизвици и да се ориентирате во однос на тоа. Сигурно не морате да бидете „кучка“ за мажите да ве почитуваат, но ако развиете малку сопствена самопочит према „кучкинските“ стандарди, тоа може да ви биде од помош.

Еве неколку совети за „земање на нештата во свои раце“.

Доколку уште од почетокот на односите, премногу се „лепите“ за мажот и се однесувате зависно, несамостојно и секогаш сте достапни, тоа ќе го одбие, затоа што го оптеретувате. Психолозите се сложуваат дека е токсично да се става партнерот во центарот на вашиот живот, а тоа е и упатството во тоа да бидете свои и за мажот да претставувате предизвик, околу кој ќе се потруди.

Вашиот став за себе е од суштинска важност за односите со мажот – тој ќе го усвои оној кој вие го рефлектирате.
Затоа уште едно стандардно психолошко упатство гласи дека треба да се сакате себеси, да се прифаќате себеси и да бидете самосвесни. Искажувањето на самопочит ќе предизвика восхит.

Не треба да правите компромиси и да се прилагодувате во самиот старт – таа неопходност доаѓа подоцна, со развој на подлабоки односи и запознавање.
Барајте го она кое го заслужувате и поставувајте услови – затоа што тоа значи дека имате можност на избор и дека вредите за трудот.

Чувството на заробеност во врската е она што ги плаши мажите – ако му оставите впечаток дека е потполно слободен, нема за што да се бунтува.

На мажот му е потребно да проектира слика за себе, неговото его бара тој да биде главен. Ако го третирате како крал, ќе направи се за тоа да остане така во вашите очи. Тоа е тајната на прочуените куртизани кои ги освоиле и „припитомиле“ многу вистински кралеви.

Доколку сте премногу независни – способни сте за се, да се потпирате на себе и се да правите сами – на крајот навистина се ќе морате да правите сами. Заштитничкиот став е она што мажот го врзува и обврзува, а ако понекогаш морате да се воздржите и да се повлете и да му оставите на мажот да ви помогне, тоа нема да биде манипулација туку неопходна женска мудрост.

Немојте да драмите, да се претставувате како жртва и да преувеличувате – пристапете им на проблемите со хумор и со тоа ќе постигнете многу повеќе.

Достоиството е најпривлечната женска особина – како што и на мажот му е потребна слика за самиот себе, така му е потребна и возвишена слика за достоинствената жена, вредна за почит и внимание.