Категории

Зошто медитацијата е важен дел од нашата рутина?

Покрај тоа што е одличен начин за да се опуштите и да се ослободите од стресот, медитацијата со себе носи и многу други придобивки за нашиот ум и нашето тело. Доволно е да издвоите неколку минути за себе на почетокот или на крајот од денот и ќе забележите колку сте го промениле вашиот начин на размислување, како и вашата физичка состојба. Медитацијата сè уште не е секојдневна навика, па затоа за вас ви подготвивме краток водич за медитација.

  1. Клучот е во помали чекори

За почетниците, важно е да знаете дека лоша медитација не постои. Важно е да имате волја да го исчистите умот и да вежбате правилно дишење. Исто така е важно да се избере тивко место за опуштање, без бучава и било какви прекинувања. Ако не сте во состојба да се концентрирате во моментот којсте се го одредиле за медитација, продолжете со медитацијата само уште една минута, за да ви стане навика. По само две недели, ќе забележите значителни промени во вашиот начин на размислување, количината на стрес, но и во начинот на вашето држење и искуство. Она што особено влијае на успехот на медитацијата е нејзината цел и подготвеност да се ослободите од стресот.

 

  1. Трпеливоста е средство кон целта

Медитацијата е сложен процес на релаксација, кој нема секогаш да се одвива на начинот на кој што сте го замислиле. Целта на медитацијата е да научите да се ослободите од несаканите мисли, да одите растеретено на работа, да се посветите на семејството и пријателите и да бидете со отворен ум секој ден.

Она што ќе го научите преку медитацијата е трпеливоста, која самите себеси си ја должите. Бидете упорни и обидете се секојдневно да го ослободувате стресот, бидејќи упорноста и трпеливоста се клуч за поздраво ментално здравје.