Категории

Зошто Меган Маркл не смее да носи тијара?

Тијарата е блескав моден додаток на главата, кој се носи на официјални прослави. Но, традицијата во Велика Британија забранува немажените жени да носат тијари. Зошто е тоа така?

Тијарата е многу повеќе од само моден додаток која посочува на кралска припадност. Таа има историско значење и означува дека жената која ја носи тијатата повеќе не е слободна на „пазарот“, односно не е во потрага по сопруг.

Затоа, откако Кејт стапи во брак со принцот Вилијам го доби правото да носи тијара. Меган Маркл се уште нема право да носи тијатра. Тоа ќе може да го прави тоа од мај годинава, откако ќе се омажи со принцот Хари.