Кога станува збор за бизнис, годините воопшто не се ограничувачки фактор т.е Вие не сте никогаш престари за да ја промените кариерата.
Еве некои од причините:
- Постарите поединци секогаш имаат повеќе искуство. Годините на работа во одредена индустрија или професија можат да обезбедат важни сознанија.
- Со текот на возраста се подобруваат и животните вештини. Решавањето проблеми, донесувањето одлуки и издржливоста имаат тенденција да се подобруваат со текот на возраста. Постарите претприемачи може да поседуваат големо ниво на мудрост и емоционална интелигенција што има големаа улога кога станува збор за ефективно лидерство.
- Постарите претприемачи може да имаат поголема финанскиска стабилност поради годините на штедење и инвестирање.
- Многу луѓе откриваат нови страсти и аспирации подоцна во животот. Започнувањето бизнис може да биде поттикнато токму од тоа моќно чувство коешто е проследено со голема мотивација.
- Постарите лица често имаат добра воспоставена мрежа на професионални односи.
- Поради различните искуства, постарите претприемачи имаат уникатни пристапи за решавање проблеми.